Синоќа како вистинска бомба одекна веста дека Интер Мајами во Ријад ќе одигра меч со Ал-Наср, односно повторно еден против друг ќе играат Лионел Меси и Кристијано Роналдо, но сега пристигнаа деманти.
Тимот за којшто настапува Меси, Интер Мајами, објави дека нема вистина во написите и дека тие нема да играат против Ал-Наср во февруари идната година.
Breaking: Inter Miami have released a statement regarding their rumored participation in the Riyadh Season Cup, saying 'this is inaccurate' and that team owner Jorge Mas 'has made no comments, publicly or privately, in relation to the preseason tour.' pic.twitter.com/XTDjKk5vBR
— ESPN FC (@ESPNFC) November 21, 2023
„Во текот на денот беше издадено соопштение во кое се тврди дека Интер Мајами има закажан настап на Ријад сизон купот. Тоа не е вистина. Во соопштението се цитираат зборови на сопственикот на тимот, Хорхе Мас. Мас ниту приватно, ниту јавно не давал никакви изјави за турнејата на екипата во претсезоната. Интер Мајами од првиот ден тргна со цел да биде глобален бренд. За таа цел водиме преговори за да го одредиме распоредот на натпревари на подготовките за новата сезона. Однапред се радуваме на тоа што нашите играчи ќе имаат меѓународна турнеја која ќе биде најавена во наредните недели“, стои во соопштението на Интер Мајами.
https://twitter.com/AlbicelesteTalk/status/1727071630202220969
Медиумите пишуваат дека иако Интер Мајами негира, тоа не значи дека нема да дојде до меч со Ал-Наср. Речиси е сигурно дека во февруари идната година Интер Мајами ќе одигра пријателски натпревар против Барселона со цел Лионел Меси да се прости од навивачите на шпанскиот тим.