На таква технологија, судиите сепак не го видоа овој гол во Атина (Видео)

Квалификациите за Европско првенство завршија синоќа и токму на последниот ден се случи една по малку неверојатна ситуација. Во Атина играа Грција и Франција, во меч кој не одлучуваше многу затоа што Галските петли беа сигурни учесници на ЕП, додека Грција немаше шанси.

Сепак, дуелот беше интересен и со многу погодоци. Франција водеше со 1:0 на полувреме, но во второто полувреме Грците направија пресврт и поведоа со 2:1, па во 74-тата минута Франција израмни на 2:2.

Се играше 90-тата минута кога Кингсли Коман продре по десната страна и ја упати топката кон петерецот на домаќините. Топката удри во еден од домашните играчи и доби неправилно движење и започна да „танцува“ по гол-линијата. Во еден момент, топката со целиот свој обем ја помина гол-линијата, но поради ротацијата што ја имаше се врати, удри во стативата и остана во полето за игра.

Судиите не го забележаа овој момент, играта продолжи и Франција остана без голот, со кој речиси сигурно ќе победеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести