Ерлинг Халанд му донесе водство на Манчестер сити на големото премиерлигашко дерби против Ливерпул од 1-0, а за Норвежанецот ова е прв гол во дуелите против Црвените и вкупно 50-ти погодок во Премиер лигата, што го прави рекордер за најбрзо достигнување на таа бројка.
На Халанд му требаа само 48 меча за да дојде до 50-тиот погодок. Досега рекордот беше на Енди Кол кој 50-тиот гол го даде на својот 65-ти настап.
Инаку, Халанд сега има дадено гол против 20 различни клубови од Премиер лигата, не дал гол само против Брентфорд.
GOAL! Man City 1-0 Liverpool (Haaland) #MCILIV pic.twitter.com/BM4uEXwill
— The Premier League Club (@TPLCSports) November 25, 2023