Голем бод за Брегалница која 20 минути играше со човек помалку против Шкендија

Брегалница и Шкендија ремизираа 2-2 во интересен меч во Штип на кој можеа да победат и домашните и гостите.

Тетовци водеа со 1-0 со убав гол на Елези, па изедначи Велкоски на стартот на второто полувреме. Лошите настани за домашните беа во средината на вториот дел кога Аганспахиќ погоди за 2-1 за Шкендија, а Робакидзе доби црвен картон и Брегалница остана со чивек помалку.

Но, и со десетмина, Сините дадоа гол, погоди Георгиев кој со шут со глава го лобуваше Талески и ја шокираше Шкендија. Во судиското продолжение, штипјани имаа прилика и да дојдат до победа, но не ја искористија шансата.

После ова реми, Шкендија барем до утре ќе биде прв на табелата, а штипјани останаа претпоследни.

- Оглас -

Најнови вести