ФИФА сака со ВАР да се проверуваат и корнери, фаули, втори жолти картони…

На многу љубители на фудбалот не им се допаѓа користењето на ВАР-технологијата, а ФИФА размислува за уште поголема присутност на оваа технологија на фудбалските мечеви како помош и корекција за судиите на терен.

Ако се изгласаат новините, тоа би донело револуција во фудбалот и подолго траење на натпреварите. Во ВАР-собата не би се проверувале само регуларноста на головите, пеналите и евентуалните црвени картони, туку би се гледала и исправност на втор жолт картон, фаули и корнери.

Многу играчи и тренери се бунат за одредени одлуки околу недосудени фаули и корнери, но овие измени со поголема имплементација на ВАР не се очекуваат во најблиска иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести