Млад Аргентинец осети како му беше лани на Мбапе, направи хет-трик, но загубија на пенали

Германија е прв финалист на Светското првенство за фудбалери до 17 години откако во полуфиналето ја победи Аргентина со 4-2, а во регуларниот тек средбата заврши нерешено 3-3.

Ова се истите бројки како во финалето на сениорското СП во Катар, со тоа што тогаш на крајот се радуваше Аргентина, а денеска младите Гаучоси беа на губитничката страна. Сличноста со ланското сениорско финале на СП е во тоа што во поразениот тим, играч направи хет-трик, исто како Килијан Мбапе. Агустин Руберто ги даде сите три гола за Аргентина, едниот за изедначување во 97-мата минута, но и тој како и Французинот Мбапе претрпе болен пораз, иако ова не беше финале.

Пред пеналите, Аргентина го смени голманот, влезе резервата, кој е подобар пеналџија, но одбрани само еден пенал, а играчите во сино-бели дресови утнаа два пенали, и тоа во првите две серии.

Во финалето Германија ќе игра со Франција или Мали.

 

- Оглас -

Најнови вести