Не така одамна, Челзи си поигруваше со Сити исто како што вчера правеа „граѓаните“

Манчестер сити вчера демонстрираше сила против Челзи со високите 6-0, пораз кој за „сините“ е најубедлив во нивната историја во Премиер лигата. Јасно беше дека „граѓаните“ како актуелни шампиони и домаќини ќе бидат фаворити на овој дуел, и не само што ја оправдаа таа улога туку и ги посрамотија фудбалерите во темно сини дресови.

Но, не беше така одамна, кога натпревари меѓу овие две екипи завршуваа со резултати како овој 6-0, но во корист на тимот од Лондон. Пред да дојдат катарските инвестиции, Сити беше еден од послабите тимови во англиската елита, и редовен „пациент“ за екипите од „големата 4-ка“.

На 27-ми октомври 2007 година, Сити гостуваше кај Челзи во рамки од 11-тото коло, а „сините“ под водство на Аврам Грант, кој неколку дена претходно го замени Жозе Мурињо, победија со 6-0, идентичен резултат од вчерашната пресметка. Различно е што Челзи постигна два гола во првото полувреме, а демолирањето го најавија во вторите 45 минути, додека фудбалерите на Гвардиола вчера за 25 минути во првиот дел реализираа четири погодоци.

12 години подоцна, Сити им се одмазди на „сините“  во голем стил, а воедно се реваншираше за претрпениот пораз при првата нивна пресметка сезонава, која на „Стемфорд бриџ“ заврши со 2-0 во корист на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести