Традицијата го најавува исходот на дербито меѓу Шкупи и Шкендија, на последните 15 меча, домаќинот нема пораз (Фото)

Денеска од 13 часот ќе се играат пет меча во Првата македонска фудбалска лига, а во фокусот е дербито меѓу лидерите на табелата, Шкупи и Шкендија.

И двете екипи имаат по 32 бода и се наоѓаат на делба на лидерската позиција со речиси идентични бројки, по девет победи, пет ремија и два порази, а имаат и речиси идентична гол-разлија. Лидерот Шкупи има 21:10, додека Шкендија има 22:12.

Традицијата на меѓусебните дуели во Првата лига може да го најави исходот на мечот, на последните 15 меча домаќинот не загубил. Последен пат кога гостинска екипа славела на гости во прволигашки меч било во 2018 година кога Шкендија на стадионот во „Чаир“ славеше со 1:2.

Првиот меч сезонава заврши без голови, а квотите за денешниот дуел се 2.03 за победа на Шкупи, а 3.45 за триумф на Шкендија.

Интересен меч се очекува да се одигра и во Кавадарци каде Тиквеш го дочекува шампионот Струга ТЛ. Кавадарчани во претходните две кола над Брера Струмица (1:0) и над Воска спорт (3:0), но денешниот дуел ќе претставува вистински предизвик за домаќинот. Квотите се на страната на шампионот (2.21), но одлична е квотата и за Тиквеш да ја продолжи победничката серија и изнесува 2.95.

На останатите мечеви, домаќините се поблиску до бодовите според квотите. Брегалница ја пречекува Воска спорт, Силекс во Кратово игра против Гостивар, а Работнички е домаќин на Брера Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести