Веќе е обележан првиот меч на ЕП 2024 што ќе го има ептетот дека е од „висок ризик“

Европската фудбалска федерација ги одреди групите за континенталниот турнир на кој следната година во Германија ќе играат најдобрите 24 репрезентации. Ќе има вкупно шест групи со по четири селекции, а покрај тоа кој дуел би бил дерби, интересен неизвесен, се одреди и првиот натпревар кој ќе го донесе епитетот од „висок ризик“.

Тоа е дуелот меѓу Србија и Англија, кој е закажан за 16 јуни во Гелзенкирхен. Навивачите од овие две земји се класифицираат меѓу опасните и имаат голема историја на направени нереди на клупски и репрезентативен план, пишува шпанскиот „Ас“.

Весникот „Ас“ потсетува дека на ЕП 2016 година во Марсеј играат Англија и Русија, а пред мечот имаше хаос по улиците на градот направен од фановите на двете селекции.

„Сега наместо Русите, тука се Србите и сликата е слична. Терминот на мечот е во 21 часот, што значи дека пред дуелот ќе се испие многу алкохол, а тоа што се работи и за меч од првото коло прави дополнителен проблем дека нема да биде направена вистинска сигурносна тактика и најопасните ултраси нема да може да бидат ставени под контрола“, пишува „Ас“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести