Девојките направија „од готово – вересија“, во финишот ѝ „подарија“ бод на Бугарија (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на Македонија одигра „само“ 2-2 на гостувањето во Софија против Бугарија, во меч од Лигата на нациите на УЕФА. Избраничките на селекторот Кирил Изов веќе десетти натпревар немаат победа, а денес имаа одлична можност за такво нешто.

Македонија по еден час игра на стадионот на Левски во Софија имаа предност од 0-2 со головите на Гентијана Рочи и Улза Максути, но црвениот картон на Сара Коларовска како да ги пресече, а тоа беше знак дека домашните фудбалерки ќе тргнат жестоко кон нашиот гол.

Македонија одолеваше на бугарските напади сè до самиот финиш на мечот, но две лоши интервенции на голманката Магдалена Лековска донесоа реми и поделба на бодовите на овој натпревар.

За репрезентацијата на Македонија ова е прв бод во новоформираната Лига на нации на УЕФА во женска конкуренција, до кој дојдовме во последниот меч од ова натпреварување и групата ја завршуваме на последното место во конкуренција на Косово, чии девојки го освоија првото место и на Бугарија, која заврши како второпласирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести