Марсело знаел дека Роналдо ќе си оди, ама криел

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело, откри дека знаел оти Кристијано Роналдо ќе го напушти „кралскиот клуб“, но морал да глуми дека не знае, и не смеел јавно да кажува. Роналдо веднаш по финалето од Лигата на шампионите кажа дека му било убаво додека играл за Реал, навестувајќи дека си оди, но Марсело ја имал „ексклузивната вест“ уште пред финалето.

„На тренинг пред финалето со Ливерпул, Кристијано ми кажа дека си заминува. Лажев дека не сум знаел, криев дека знам, но морав така да постапам“ – изјави Марсело, кој му беше најблизок пријател на Роналдо во соблекувалната на Реал.

Во последните месеци постојано се спомнува варијантата и тој да тргне по стапките на Португалецот, особено сега, кога како заменик-капитен на Реал го загуби статусот на незаменлив стартер.

„Јувентус е голем клуб, со богата историја, но јас имам договор со Реал, ми се допаѓа тука и ќе го одработам до крај“ – вели 30-годишниот Бразилец, на кого договорот со Реал му истекува во летото 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести