Искусниот дефанзивец Пепе во јануарскиот преоден рок направи трансфер од Бешикташ во Порто. За португалскиот гигант тоа е одлично засилување бидејќи добија квалитетен играч кој знае како да се носи и во најважни ситуации.
Во својата богата кариера, Пепе цели 10 години го носеше дресот на Реал Мадрид. Тој беше на „Сантијаго Бернабеу“ во периодот од 2007 до 2017 година, време во кое дури три пати се радуваше на трофејот во Лигата на шампиони. Сега, Пепе повторно ќе биде дел од елитната лига на УЕФА. но во дресот на Порто, клубот во кој играше пред повеќе од една деценија.
Некогашниот европски првак вечерва гостува кај Рома, во првиот меч од осминафиналето, а Пепе е голем оптимист, не само за овој меч, туку воопшто за настапите во ЛШ.
„Нашата најголема сила е нашиот тимски дух. Ќе направиме сѐ, за да дојдеме до победата. Сакаме да стигнеме до финалето во Лигата на шампиони. Секогаш е убаво да се игра во ова натпреварување, а за мене е посебна чест да бидам во ЛШ со Порто, клубот со кој започнав во ЛШ“, оптимистички вели 35-годишниот Пепе.