Светското клупско првенство во Саудиска Арабија започна со победа на домашната екипа откако Ал-Итихад предводен од Карим Бензема со убедливи 3-0 го победи претставникот на Океанија, Оукленд сити од Нов Зеланд.
Претставникот на Саудиска Арабија сосема очекувано дојде до победата, која беше најавена уште во првото полувреме, кога фудбалерите на Ал-Итихад веќе имаа убедливи 3-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој натпревар.
Резултатот го отвори Ромарињо во 29-тата минута. Само пет минути подоцна прецизен беше и Канте, додека конечните 3-0 ги постави Карим Бензема во 40-тата минута.
Ал-Итихад во четвртфиналето ќе игра против шампионот на Африка, Ал-Ахли од Египет, додека против европскиот шампион Манчестер сити може да се сретне само во финалето, но на патот до таму освен Египќаните, ќе треба да го мине и Флуминенсе од Бразил.