Еден од најхаризматичните фудбалери кои некогаш се појавил на фудбалските терени сигурно дека е поранешниот репрезентативец на Шведска со босанско потекло, Златан Ибрахимовиќ. Тој многупати јавно кажувал дека неговото семејство било многу сиромашно и често бил гладен. Сепак, со неговиот фудбалски талент заработи милиони евра, па сега доби прашање дали дел од тие пари ги донирал, а со одговорот им одржа лекција на сите.
„Правам јас многу работи, но не сакам да бидам виден, тоа го правам од срце бидејќи навистина го сакам, но гледам дека другите кога го прават тоа, тогаш даваат изјави по медиумите во стилот: ‘Донирав милион за болница, отворив училиште, направив ова, направив тоа’, но ако навистина сакаш некому да му помогнеш, не мора веднаш да се пофалиш во медиумите. Мене тоа не ми треба, го правам тоа затоа што сакам, а многумина во спортот премногу се фокусираат на нивната слика во јавноста“, вели Ибрахимовиќ.