Јунајтед пред две години го купи за 39 милиони евра, а сега одвај се ослободи од него

Холандскиот интернационалец, Дони ван де Бек, во 2020-тата година пристигна во Манчестер јунајтед од Ајакс за 39 милиони евра. Сепак, фудбалерот не се снајде баш најдобро во својот престој на “Олд Трафорд“, па од раководството на клубот по секоја цена сакаа да се ослободат од него и од неговата плата од седум милиони евра годишно.

Де Бек одигра само 62 натпревари за “црвените ѓаволи“, на кои постигна само два гола и забележа две асистенции за три години. Сепак, во меѓувреме беше испратен на позајмица во Евертон, но и таму не се снајде баш најдобро.

Сега стручњакот за трансфери, Фабрицио Романо, објавува дека веќе е договорено неговото заминување од Манчестер јунајтед, но само на позајмица. Тој во јануари се сели во Ајнтрахт Франкфурт, кој ќе има право на крајот од сезоната и да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести