Официјално: Освојувачот на ЛЕ го доби третиот тренер оваа сезона (Фото)

Актуелниот освојувач на Лигата на Европа, екипата на Севиља и официјално го назначи Кике Санчес Флорес за нов тренер. Тој е трет тренер на клубот од Андалузија, кој минатото лето западна во тешка финансиска криза, која лошо се одразува за резултатите. Во досегашниот тек од сезоната тренери на Севиља беа и Хосе Луис Мендилабар и Диего Алонсо.

Кике Санчес Флорес своите најголеми успеси во тренерската кариера ги имаше на клупата на Атлетико Мадрид, со кого ја освои Лигата на Европа и европскиот Супер Куп, а освен на клупата на “јорганџиите“, ги водеше и екипите на младинците на Реал Мадрид, Хетафе, Валенсија, Бенфика, Ал-Ахли, Ал-Аин, Ватфорд, Еспањол и Шангај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести