Мауро Икарди го договори најважниот потпис во кариерата

Напаѓачот на Галатасарај, Мауро Икарди во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Реал Мадрид, лансираа вистинска бомба турските медиуми, а ваквите написи ги потврди и шпанска „Марка“.

Според медиумите, Икарди веќе ги договорил сите детали од договорот, и во Реал Мадрид ќе заработува осум милиони евра по сезона, плус бонуси со постигнати голови и освоени трофеи.

Аргентинецот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне за да ја пополни празнината во нападот која настана со повредата на Винисиус жуниор.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1737029501278699535

Икарди сезонава игра одлично за Галатасарај, на 25 меча во сите натпреварувања постигна 17 гола и има шест асистенции. Во турската Суперлига постигна 12 гола на 15 натпревари.

Евентуалниот трансфер во Реал Мадрид би претставувало потпис на кариерата за Икарди иако претходно има настапувано и за ПСЖ и Интер, но Кралскиот клуб е нешто поголемо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести