Чеферин: „Со нетрпение чекам да почне тоа фантастично натпреварување само со два клуба“

Неколку европски гиганти веднаш ја отфрлија идејата дека ќе учествуваат во Суперлигата, а меѓу нив се споменуваат екипите на Манчестер јунајтед, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Севиља, Атлетико Мадрид…

Ваквата одлука на екипите беше поздравена од претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, кој се исмеваше со Суперлигата и испрати порака до шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид.

„Може да прават што сакаат, нема да ги спречиме. Јас лично со нетрпение чекам да почне ова фантастично натпреварување само со две екипи“, вели Чеферин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести