Граѓаните го освоија петтиот трофеј годинава, Гвардиола испиша историја на Светското клупско првенство (Видео)

Манчестер сити на најдобар можен начин ја потврди најуспешната сезона во клупската историја, со труиумф на Светското клупско првенство.

Граѓаните кои годинава триумфираа во ФА купот, Премиер лигата, во Лигата на шампионите и во европскиот Суперкуп, со денешната победа од 4:0 против Флуминенсе го освои петтиот голем трофеј сезонава, а Хосеп Гвардиола испиша историја.

Гвардиола стана првиот тренер кој четирипати триумфирал на Светското клупско првенство, оставајќи го Карло Анчелоти на три триумфи.

Победата на Сити ја обезбедија Хулијан Алварес и Фил Фоден. Алварес со голот во првата минута го отвори резултатот, а по шутот на Фоден во 27-та минута, дефанзивецот на Флуминенсе ја допре топката и го измани својот голман.

Во второто полувреме, Фил Фоден зголеми на 3:0, а конечниот резултат го постави играчот кој го го постигна првиот гол, Алварес во 88-та минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести