Денеска во Ла Лига ќе се игра само еден натпревар, тоа е одложениот дуел од четвртото коло меѓу Атлетико Мадрид и Севиља, кој има интересна историја.
Ова се двете најтрофејни екипи откако е формирана Лигата на Европа (претходно беше Куп на УЕФА), Севиља има седум триумфи, а Атлетико Мадрид три, од кои два со Диего Симеоне како тренер. Интересно е што откако Симеоне седи на клупата на Атлетико Мадрид, Севиља освои пет трофеи во Лигата на Европа, но промени дури 14 тренери.
Симеоне седна на клупата на Атлетико на 23 декември 2011 година, а прв тренер на Севиља во ерата на Аргентинецот беше Марселињо Торал.
Марселињо си замина од Севиља набрзо откако Симеоне го презеде Атлетико Мадрид и него го наследи Мичел кој помина нешто помалку од една година како тренер на тимот од Андалузија. По него дојде најуспешниот тренер на Севиља во последните две децении, Унаи Емери кој од 2013 до 2016 година, трипати по ред победуваше во Лигата на Европа. Но, повикот од ПСЖ го натера Емери да ја напушти Севиља и на негово место пристигна Хулен Лопетеги кој се задржа една цела сезона.
По него, на клупата на Севиља седеа Хорхе Сампаоли (11 месеци), Едуардо Беризо (7 месеци), Винченцо Монтела (4 месеци), Хоакин Капарос (еден месец), Пабло Мачин (10 месеци), Хоакин Капарос (2 месеци), Хулен Лопетеги (три сезони).
Во октомври 2022 година повторно се врати Сампапли кој остана само шест месеци, по што пристигна Хозе Луис Мендилибар кој минатата сезона го освои трофејот во Лигата на Европа.
Но, лошиот старт на оваа сезона му пресуди на Мендилибар, него го наследи Диего Алонсо кој се задржа само два месеци и на почетокот од овој месец, на клупата седна Кике Санчез Флорес, кој стана 14-тиот тренер на Севиља, откако Диего Симеоне седи на клупата на Атлетико Мадрид.
Симеоне досега одигра одиграл 27 натпревари против Севиља и има 12 победи, 10 ремија и пет порази.