Само неколку часа откако започна новата 2024 година, а во светот на фудбалот е доделен првиот трофеј. Во лигашки и Куп натпревари признаени од ФИФА, денеска беше доделен првиот пехар.
Во ХКФА Лига Купот во Хонг Конг денеска се играше финалето, а по голема драма и неизвесност, беше дознаен и победникот. Екипата на Киче која има 12 титули во првенството, денеска го додаде и шестиот пехар во Лига купот.
Во финалето, Киче играше против Ле Ман вориорс, а по 120 минути резултатот беше 2:2, па мораа да се шутираат пеналите, а таму подобри беа фудбалерите на Киче кои се израдуваа на првиот доделен фудбалски трофеј во 2024 година во светскиот фудбал.
🇭🇰🏆 Kitchee have beaten Lee Man Warriors to lift Hong Kong’s League Cup & become the first club worldwide to win a national trophy in 2024.
Kitchee have now won the League Cup four times in a row – but over a 12-year period, because the tournament has been discontinued twice. pic.twitter.com/WOCLQhuvyc
— The Sweeper (@SweeperPod) January 1, 2024