Калиниќ се врати во Хајдук, Трајковски доброволно му го препушти дресот со бројот 9!

Во сплитскиот Хајдук многу им е важно сезонава да ја освојат титулата во хрватското првенство, играчите се подготвени на разни отстапки.

Така, некогашниот хрватски репрезентативец Никола Калиниќ прифати да игра за минималец од 1 евро месечно, додека нашиот Александар Трајковски на Калиниќ доброволно му го препушти бројот 9 на дресот.

Калиниќ денеска потпиша договор со важност до крајот на сезонава откако претходните месеци паузираше и се подготвуваше. Тој во минатото секогаш кога играше за Хајдук, носеше деветка на грбот, па Трајковски му го отстапи тој број. Македонецот ќе носи дрес со бројот 27.

- Оглас -

Најнови вести