НБА-лигата го казни тимот на Бруклин нетс со 100.000 долари поради непочитување на новото правило со кое челниците на најквалитетна кошаркарска лига сакаат да му стават крај на трендот кој во последно време го практикуваат речиси сите екипи и оди на штета на навивачите кои плаќаат билети.
НБА-лигата пред почетокот на сезоната воведе ново правило со кое ќе ги казнува екипите кои без причина ќе ги одмораат кошаркарите и сега Бруклин е првиот тим кој заработи казна.
Нетси на дуелот од минатата недела против Милвоки бакс не користеа четворица кошаркари, Доријан, Фини-Смит, Кам Џонсон и Ник Клакстон за кои пријави дека имале ситни повреди, додека за Спенсер Динвиди пријавиле дека го одмораат.
Но, тоа не беше сè, по првата четвртина, тренерот Жак Вон ги извади од игра Микал Бриџис, Кам Томас и Ројс О’Нил и не ги врати до крајот на мечот.
Тоа се петтемина играчи од првата петорка на Бруклин и двете први резерви.
„Пред почетокот на сезоната на сите им објаснивме дека сме лига во која секој игра 82 натпревари. Сериозни сме во спроведувањето на одлуките кои ги донесовме пред почетокот на сезоната. Не е фер кон сите кои се вклучени во НБА-лигата одредени клубови да ги одмораат своите играчи. Не е фер играчите да седат и да не играат. Нормално е дека некогаш треба да се одморат кошаркарите, но не можете во еден натпревар да одморате четворица играчи од првата петорка. Тоа е кршење на правилата, изјави Џо Думарс, поранешен НБА-шампион со Детроит пистонс, а сега е потпретседател на лигата задолжен за кошаркарски операции.