Англиските премиерлигаши овој викенд немаат настапи во шампионатот, но затоа се активни во најстарото клушско натпреварување во светот, а тоа е ФА Купот. Во фокусот на денешните дуели беше локалното дерби меѓу Сандерленд и Њукасл.
Ривалството меѓу овие два клуба е огромно, а нивните средби се нарекуваат “Тајн-Вер дерби“. Овие два клуба доаѓаат од градови кои се одалечени само 12 километри, а денеска причина за радост имаа фановите на Њукасл, иако дуелот се играше на теренот на Сандерленд.
Премиерлигашот победи со убедливи 3:0, а освен пласман во следната фаза од ФА Купот, навивачите посебно се радуваа затоа што прекинаа една лоша традиција за нив која траеше 13 години, односно девет средби. На последните девет на овие два тима, Сандерленд имаше шест победи и три нерешени, што значи дека Њукасл дури во 10-тиот обид го сруши големиот ривал.
Во денешните мечеви од ФА Купот кои се одиграа досега, постигнати се следните резултати: Ковентри – Оксфорд 6:2, Мајдстоун – Стивениџ 1:0, Милвол – Лестер 2:3, Вимблдон – Ипсвич 1:3, Блекбурн – Кембриџ 5:2, Гилингем – Шефилд 0:4, Хал – Бирмингем 1:1, Њупорт – Истлајт 1:1, Норвич – Бристол 1:1, Плимут – Сутон 3:1, КПР – Борнмут 2:3, Саутемптон – Валсал 4:0, Стоук – Брајтон 2:4, Ватфорд – Честерфилд 2:1.