Шумахер го прославил 50. роденден во Мајорка

Михаел Шумахер со своето семејство заминал во Мајорка и таму го прославил јубилејниот 50-ти роденден, тврди германскиот таблоид „Бунте“, кој е специјализиран за следење на познати личности. На 3 јануари, беше роденденот на Шумахер, а во најстрога тајна се држеше тоа како ќе биде прославен.

Седумкратниот формула 1 шампион во декември 2013 година се здоби со тешки повреди откако падна додека скијаше на француските Алпи. Од тој момент до сега, никој точно не знае каква е здравствената состојба на легендарниот германски возач.

Според таблоидот, семенјството Шумахер отпатувало во Мајорка, во луксузната вила која ја купиле пред неколку месеци. На Мајорка го пречекале и Божиќ и Нова година, а според пишувањата, Михаел дури бил забележан и на балконот како одмора на околу 20 степени и сонце на Мајорка.

 

- Оглас -

Најнови вести