Фудбалерот на Црвена ѕвезда е во проблеми, ќе мора да се појави на суд за да го докаже својот идентитет

Фудбалерот на Црвена ѕвезда, Гилор Канга, е во големи проблеми и ќе мора да се појави пред суд за да го докаже својот идентитет. Пред извесен период се појавија тврдења дека неговата мајка починала во 1986-тата година, а фудбалерот според документите е роден на први септември 1990-тата.

Според документите кои се појавија, Канга е роден на петти јануари 1985-тата година, но не во Габон, туку во главниот град на ДР Конго, Киншаса. Тврдењата одат до таму што се вели дека Гилор Канга и не е неговото вистинско име, туку е роден како Киаку-Киаку Кианга.

Канга својот идентитет го променил кога потпишал за клуб од втората лига на Габон. Тој во својата кариера освен за Црвена ѕвезда, играше и за Ростов и Спарта Прага.

- Оглас -

Најнови вести