Публиката во кратки ракави и се лади со пиво како да е лето (Фото)

Иако е зима и надвор е минусна температура, на стадионот во Дизелдорф е пеколно жешко и публиката нема лотреба од носење дебели јакни што е задолжително за мечеви на стадион во зимскиот период.

 

Особено во погорните редови температурата е висока како да е лето, па затоа публиката се лади со пиво и сокови.

Тука се и македонските навивачи, но премалку и не се на куп, па тешко е да дојдат до израз. На трибините има многу Германци, иако нивната репрезентација не игра, со што покажаа дека го сакаат ракометот.

 

Стадионот кој има затворен покрив и деновиве е како џиновска сала, се грее со голем број греалки кои во моментов додека се загреваа играчите беа исклучени, но на стадион е пекол каков што ретко може да се доживее во зима на стадион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести