Шведска одбраната на титулата ја започнува против БиХ, Данска е апсолутен фаворит против Чешка (Фото)

На вториот ден од Европското ракометно првенство кое се одржува во Германија ќе се одиграат шест натпревари и меѓу нив се дуелите на бранителот на трофејот Шведска, како и на најголемиот фаворит за титулата, Данска.

Швеѓаните одбраната на титулата ќе ја започнат против БиХ и се огромни фаворити за триумф.

Квотата за триумф на селекцијата предводена од играчи како Хампус Ване, Џим Готфридсон, Феликс Клар, изнесува само 1.01, но примамливи се игрите на голови.
Својот прв настап на ЕП ќе го има и главниот фаворит за титулата, селекцијата на Данска, која игра против Чешка (1.03).

И на останатите мечеви не би требало да има големи возбудувања бидејќи селекциите на Норвешка, Португалија, Словенија и Холандија се големи фаворити за победа против Полска, Грција, Фарски Острови и Грузија.

Во понудата на Sport Life може да се одигра и на популарната игра на „плус-минус“ голови, а во денешната понуда се наоѓаат дури 37-мина ракометари за кои може да погодувате колку голови ќе постигнат.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести