Неверојатно: Оклахома водеше со 62 разлика по три четвртини против Портланд, на крајот стигна до петата најубедлива победа во историјата на НБА (Видео)

Оклахома сити тандерс стигна до историска победа во дуелот против Портланд трејблејзерс триумфирајќи со неверојатни 139:77. Ова разлика од 62 поенa е петта најубедлива победа во историјата на НБА-лигата и нов клупски рекорд на Оклахома, која претходно најмногу имаше славено со 45 разлика.

Интересно е дека најголемиот пораз во историјата го има токму Оклахома, кога на 2 декември 2021 година загуби со неверојатни 79 поени разлика на гостувањето кај Мемфис, резултатот беше 152:73. Оклахома ноќеска можеше да се тргне од таа листа на најголем пораз во историјата, затоа што по три четвртини имаше водство од 118:56 (62 разлика) и доколку во последната четвртина продолжеше во ист ритам, предноста можеше да стигне и до 80 поени, но во последната четвртина резултатот беше егал и остана предноста од 62 поена.

Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска: Милвоки – Бостон 135:102, Далас – Њујорк 128:124, ЛА лејкерс – Феникс 109:127.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести