Савиола: Меси го боли неуспехот со Аргентина

Поранешниот аргентински фудбалер Хавиер Савиола изјави дека Лионел Меси го боли фактот што со националниот тим нема освоено ништо. Во Аргентина се најавува дека во март Меси би можело да се врати во репрезентацијата, а Светското првенство во 2022 година би бил последниот обид на ѕвездата на Барселона да освои нешто големо и со селекцијата на својата земја.

„Аргентинските навивачи имаат големи барања. Сум играл со Меси, знам колку тој ја сака својата земја и знам како се чувствува кога работите не одат според желбите. Се радуваме на победите, но ни недостасува трофеј. Играњето за репрезентација е поинакво од тоа за клуб. Верувам дека Аргентина со него може да го освои СП во Катар 2022 година. Меси е најдобар на светот, можеби и на сите времиња“, вели Савиола.

Меси со Аргентина трипати играше во финале на Копа Америка, загуби финале и на Мундијалот во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести