На Европското ракометно првенство денеска започнуваат натпреварите од главната групна фаза, односно битката за пласман во полуфиналето, а Sport Life има специјална понуда за два од трите меча.
Специјалната понуда на Sport Life е за дуелите Данска – Холандија и Словенија – Шведска и нуди можност да се одиграат различни игри кои се надвор од стандардната понуда.
Може да се игра која селекција прва ќе постигне гол, која прва ќе дојде до три, до пет, до седум и до десет гола. Потоа кој ќе го изведе првиот седмерец, колку седмерци ќе има на натпреварите, колку исклучувања, како и која селекција ќе го постигне последниот гол.
Првиот дуел со кој ќе биде отворена главната групна фаза е меѓу Норвешка и Португалија, каде што скандинавската селекција предводена од Сандер Сагосен е фаворит и квотата за триумф изнесува 1.30.
Главниот кандидат за титулата Данска е апсолутен фаворит против Холандија, која првата рунда ја заврши со две победи и еден пораз од Шведска. Данците првата фаза на ЕП ја завршија со три убедливи победи и гол-разлика 100:69 (Чешка е совладана 23:14, Грција со 40:28 и Португалија со 37:27) и покажаа зошто се главен фаворит за освојување на златото.
Последниот дуел за денеска треба да биде најнеизвесен и е меѓу одличната Словенија и актуелниот европски шампион Шведска.
Словенечките ракометари настапите во првата фаза ги завршија со три победи над Фарски Острови (32:29), Полска (32:25) и над Норвешка (28:27) и со прикажаната игра се сериозни претенденти за освојување на едно од првите две места во главната рунда која носи пласман во полуфиналето.
И Швеѓаните во првата рунда остварија три победи (Холандија 29:28, Грузија 42:26, БиХ 29:20) и вечерва во Хамбург се очекува одличен натпревар.
Во богата понуда на Sport Life за ракометното Европско првенство има и 24-ца ракометари за играта „плус-минус“ на голови.