Хаотична беше завршницата на дуелот меѓу Оклахома и Портланд трејлблејзерс, а на крајот домаќините се радуваа на победа од 111:109. По мечот, гостите беа револтирани, па дури побараа и поништување на резултатот.
Проблемот се случи во завршницата. На 15-тина секунди до крајот, Портланд водеше со 109:108 и имаше напад. Малком Брогдон ја имаше топката, кога беше удвоен од двајца противнички играчи. Тогаш тренерот на Портланд, легендарниот Чоунси Билапс, побара тајмаут, но судиите не ја прекинаа играта, туку досудија двојно водење на топката.
Биланс збесна и влезе во терен барајќи објаснување зошто неговиот тим не доби тајмаут, кој го имаше на располагање. Судиите немаа многу разбирање и му дадоа две технички грешки на Биланс, по што следуваше и исклучување на гостинскиот терен. Оклахома го искористи овој момент и постигна поени со кои на крајот победи.
Portland is filing a protest to challenge the result of 111-109 loss to OKC, per @wojespn.
Chauncey Billups was trying to call timeout, but wasn’t granted one. Billups was given two techs and ejected.
(via @BallySportsOK)
— Yahoo Sports (@YahooSports) January 24, 2024