Некогашниот фудбалер на Тотенхем, Џермејн Џенас, откри дека Герет Бејл имал чудна навика пред натпреварите, јадел по пет парчиња леб со цела „планина“ печен грав.
„Најчудно нешто на кое се сеќавам и се прашував зошто го прави тоа беше поврзано со Герет Бејл. Пред натпревар јадеше по пет парчиња потпечен леб и еден куп печен грав. И јас пробав еднаш, и не си поминав добро“, вели Џенас.
Бејл во едно интервју има кажано дека омилено јадење му се јајца и чипс, а дека сака и чоколади.