Пет минути му беа доволни на Чурлинов за да постигне гол по враќањето во Шалке, но неговиот тим загуби (Видео)

Дарко Чурлинов на добар начин го најави враќањето во тимот на Шалке 04. Македонскиот репрезентативец кој во првиот дел од сезоната играше во Англија за тимот на Барнли, пред неколку дена се врати во Шалке 04 и тоа како позајмен играч.

Шалке 04 денеска гостуваше кај Кајзерслаутерн и на полувреме губеа со 1:0, а Чурлинов беше на клупата за резерви. На почетокот од вториот дел, македонскиот репрезентативец влезе во игра и само шест минути подоцна даде гол за 1:1.

Чурлинов имаше одличен спринт, претрча 30-40 метри и со противнички играч „на грб“, успеа да погоди за 1:1. Голот на Чурлинов може да го видите ТУКА.

Сепак, овој погодок на Чурлинов беше премалку за Шалке 04 да се спаси од пораз, затоа што во продолжение на средбата, Кајзерслаутерн постигна три гола и победи со 4:1. Чурлинов на овој меч доби и жолт картон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести