Фудбалерите на Њукасл со 2:0 како гости го совладаа Фулам во четвртото коло од ФА купот и обезбедија пласман во осминафиналето и тоа пред очите на најдобриот стрелец во историјата на клубот.
Легендарниот Алан Ширер дуелот на „Крејвен котиџ“ не го гледаше од ложата, туку од трибините заедно со навивачите на Њукасл кои беа воодушевени од овој потег.
Победата на Њукасл му ја донесоа Лонгстаф со голот во 39-та минута и Бурн во 61-та минута.