Милан налето ќе остане без својот најдобар играч, не може да се бори против најбогатите европски екипи

Ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, на крајот од сезоната би можел да го напушти Милан бидејќи за него интерес пројавуваат двата најбогати клубови во Европа, пишува француски „Телефут“.

Според „Телефут“, сериозен интерес за Португалецот пројавуваат Њукасл и ПСЖ кои подготвуваат богат договор за фудбалерот, а притоа се подготвени да ја платат и откупната клаузула која изнесува 175 милиони евра.

Леао сезонава одигра 26 натпревари за Милан и има учинок од шест гола и асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести