Кошаркарскиот тим од Дубаи, кој од следната сезона ќе игра во Евролигата, но и во АБА-лигата, планира да направи конкурентен тим со кој би се борел за трофеите и веднаш ја покажа својата финансиска моќ.
Според шпанските медиуми, новиот тим од Дубаи за еден од најдобрите центри во Европа, играчот на Реал Мадрид, Еди Таварес, подготви неверојатна понуда дури од осум милиони евра бруто по сезона.
Договорот на Таварес истекува на крајот од сезоната, преговорите за продолжување на соработката со Кралевите не одат во посакуваната насока, а интерес пројавува и Панатинаикос, но постои голема веројатност центарот на крајот да потпише за новиот евролигаш.
Таварес сезонава просечно постигнува по 10,2 поени и има седум скока по натпревар.