Свирежи за Меси и Бекам во Хонг Конг: „Вратете ни ги парите!“ (Видео)

Интер Мајами победи со 4-1 против селекцијата на првенството на Хонг Конг, но навивачите кои платија по 125 долари за влезница за мечот се чувствуваат измамено. Тие дојдоа на стадионот за да го гледаат Лионел Меси, но осумкратниот освојувач на Златната топка не одигра ниту минута и остана на клупата за резерви.

Иако во текот на мечот публиката кој беше околу 40.000 на број извикуваше да влезе Меси, сепак, желбата не им беше исполнета, па тие со свирежи ги поздравија и аргентинецот, но и сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам.

https://twitter.com/worldsoccertalk/status/1754124404479373759

- Оглас -

Најнови вести