Димитриевски имаше чудесна одбрана, но не можеше да спречи пораз на Рајо (Видео)

Јусеф Ен-Несири влезе во историјата како прв Мароканец со 60 гола во шпанската Ла Лига, а ова му успеа откако вечерва двапати го совлада Столе Димитриевски за победа на Севилја од 2-1 на гостувањето во Мадрид.

На трибините на „Валјекас“ беше и италијанската легенда Франческо Тоти, чиј син е нов играч на Рајо.

Ен-Несири беше двоен стрелец, а можеше да направи и хет-трик, но македонскиот голман го спречи при една речиси 100-отстотна шанса.

https://twitter.com/i/status/1754610566260212185

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести