Управата на Јувентус следната сезона ќе бара титула, а подготви мизерен буџет за засилувања

Управата на Јувентус го одреди буџетот за претстојниот летен преоден рок, кој изнесува мизерно во споредба со тоа што го трошат останатите европски гиганти, но и англиските екипи кои се борат за опстанок во Премиер лигата.

Челниците на Старата дама одлучија да потрошат само 60 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок иако амбициите ќе бидат најголеми, титули во Италија и атак на трофеите во европските купови. Оваа сума може да се зголеми само во случај на продажба на фудбалери.

На трансфер-листата на Јувентус за летниот преоден рок би требало да се најдат играчи како Војќех Шченсни, Федерико Кјеза, Данило и Мојзе Кен, од кои може добро да се заработи и да се зголеми буџетот за засилувања.

Според италијанските медиуми, приоритет ќе биде ангажирање фудбалер од средниот ред.

- Оглас -

Најнови вести