Звучи неверојатно: Катарец ќе биде наследникот на Чеферин на чело на УЕФА?

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ги изненади сите на конгресот во Париз, дека во 2027 година се повлекува од фукнцијата. Тоа значеше дека статутот нема да се менува во делот на мандатите на претседателот, со оглед на тоа дека во моментов е ограничен само на два мандата или осум години на чело на Европската фудбалска организација.

На конгресот во Париз за нови членови на извршниот комитет на УЕФА со мандат од четири години беа поставени Насер Ал-Келаифи од ПСЖ и Анхел Жил-Марин од Атлетико Мадрид. Токму Катарецот, кој е на чело на ПСЖ, се најавува дека ќе биде новиот претседател на УЕФА по заминувањето на Чеферин од функцијата. Тоа би било првпат во историјата на чело на УЕФА да не биде европеец и голем преседан во светскиот фудбал.

Според шпекулациите од конгресот на УЕФА, работата околу поставувањето на Ал-Келаифи за претседател на УЕФА е завршена работа и тој ќе добие поддршка од делегатите на редовното изборно собрание во 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести