Репрезентацијата на Иран одигра одличен турнир на Азискиот куп и стигна до полуфиналето, каде што беа елиминирани од Катар со 3-2. Сепак, настапот на Иран на првенството во Катар беше одбележан со перформансот на многубројните навивачки од оваа земја, а посебно од една која беше провокативно облечено.
Навивачката со својот стајлинг, но и однесувањето го воодушеви Западот, но што ја очекува кога ќе се врати во татковината? Во Иран на сила се шеријатските правила, односно верски, и ваквото однесување е строго забрането. Сепак, не е исклучена можноста навивачката воопшто да не живее во Иран, туку во некоја од западните земји.