Имобиле со голгетерски јубилеј, а погодокот на Каљари против Лацио мора да го видите (Видео)

Чиро Имобиле од Лацио стана осмиот фудбалер во историјата на италијанската Серија А со 200 постигнати голови, а четврти во последните 45 години, после Франческо Тоти, Антонио Ди Натале и Роберто Баџо.

Ако се гледа бројот на одиграни мечеви, Имобиле има најдобар просек меѓу нив, затоа лацијалите го нарекуваат голгетерски крал.

Имобиле му помогна на Лацио да победи на гостувањето кај Каљари со 3-1, а како мала утеха, домашните го постигнаа најубавиот гол на средбата. Погледнете го мајсторскиот погодок на Џанлука Гаетано:

- Оглас -

Најнови вести