Македонската ракометарка Ива Младеновска, денеска за првпат беше во составот на француски Брест Бретањ на меч од женската Лига на шампиони.
Брест го победи Савехоф со 28-23, и на едно коло до крајот на групната фаза, се задржа на четврто место во групата А, што значи место во осминафиналната фаза.
Младеновска влезе во игра во финишот, и имаше еден шут кон противничкиот гол.