Веќе нема дилеми кој ќе биде следниот тренер на Ливерпул, Чаби Алонсо го одби Баерн Минхен

Чаби Алонсо се наоѓа на добар пат со Баер Леверкузен да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен во Бундеслигата и налето да ја напушти Германија и да предизвика еуфорија на северот на Англија.

Речиси сите релевантни медиуми немаат дилеми дека Чаби Алонсо на крајот од сезоната ќе го напушти Баер Леверкузен, а уште сега започнаа шпекулациите за неговиот следен клуб, но познатиот новинар Санти Ауна тврди дека знае кој ќе биде следниот тим во неговата кариера.

Според шпанскиот новинар, Чаби ја одбил понудата на управата на Баерн Минхен да го наследи Томас Тухел и тоа поради еден тим, Ливерпул.

Наводно, челниците на Ливерпул веќе имале првични разговори со претставниците на Чаби кои поминале во позитивна атмосфера, а со последната информација дека веќе ја одбил понудата на Баерн, речиси и да нема дилеми дека Шпанецот ќе се врати во тимот со кој во 2005 година триумфира во Лигата на шампионите.

Оваа вест со воодушевување ја дочекаа оваа информација и подготвуваат луд дочек на Шпанецот налето.

Актуелниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, неодамна изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“.

- Оглас -

Најнови вести