Барселона ја победи Селта во Виго со 2-1, а двоен стрелец за победничкиот тим беше Роберт Левандовски.
Каталонците до победата дојдоа во финишот, во 97-ма минута и тоа од пенал кој го реализираше Роберт Левандовски. Полјакот најпрвин утна пенал, но голманот на Селта направи престап и пеналот беше повторен, а од „втора мајка“, Леви не погреши. Судиите немаше да погрешат ако го поништеа и овој пенал, бидејќи играч на Барса предвреме влезе во 16-никот, пред Левандовски да шутне.
Со оваа победа, Барса е на седум бода зад првопласираниот Реал Мадрид кој утре гостува кај Рајо Валјекано.
Барселона е тим кој дури шест пати сезонава даде гол по истекот на регуларните 90 минути, а Селта е рекордер во Шпанија сезонава по бројот на примени голови во судиско продолжение, па традицијата продолжи вечерва на „Балаидос“.
THE PENALTY WAS RE-TAKEN AND LEWANDOWSKI SCORES!!!#CeltaBarça pic.twitter.com/m19eTnSlap
— TC (@TalkCristiano_) February 17, 2024