Стив Кер стана најплатен тренер во историјата на кошарката

Стив Кер потпиша нов двегодишен договор со Голден стејт вориорс со кој стана најплатен тренер во историјата на кошарката, објави ЕСПН.

Со новиот договор, платата на Кер ќе изнесува 17,5 милиони долари годишно, и е најголема која ќе ја добива кошаркарски тренер.

Стив Кер на клупата на Голден стејт седна во 2014 година кога го наследи Марк Џексон и со Воините освои четири шампионски титули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести