Македонија У19 во Скопје загуби од врсниците од БиХ

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години имаше неуспешна контролка против врсниците од Босна и Херцеговина и загуби со 0:2, во Скопје. Македонските надежи шанса за поправен ќе имаат за два дена, кога повторно во Скопје ќе одиграат уште еден дуел.

Гостите од БиХ денеска знаеја да ги искористат своите шанси и до предност стигнаа со голот на Хамџиќ пред крајот на првото полувреме во 43-тата минута. Македонскиот голман Џеков беше матиран и во 57-мата минута, кога Камбер погоди за 2:0.

Двете селекции се подготвуваат за втората фаза од квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Македонија ја помина првата групна фаза и сега е во група со Украина, Летонија и Швајцарија, а само најдобрата селекција ќе заврши на континенталниот собир. Првиот меч од овие квалификации Македонија ќе го игра на 20 март против Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести