Голема прашина крена синоќешниот натпревар од Ла Лига помеѓу Валенсија и Реал Мадрид на Местаља. Домашните имаа предност од 2-0, но “кралскиот” клуб се врати и израмни на 2-2. Во судиското продолжение Белингам постигна погодок, кој не беше признат бидејќи судијата сред акцијата на Реал свирна крај, а тоа предизвика бурни реакции на фудбалерите.
Еден од најжестоките беше токму Белингам, кој со вулгарни зборови му се обратил на судијата Хесус Манцано, а потоа и заработи црвен картон поради тоа.
– “Тоа беше гол. Топката беше во воздух, што е ова?” – се зборовите на Белингам кои ги упатил кон судијата, а бил и вулгарен и употребил несоодветни изрази.
Сепак, судиската е последна, па голот на Реал не беше признат, а натпреварот заврши 2-2.