Наполи со 2:1 славеше над Јувентус во дербито на 27 коло во Серија А, меч кој можеби ги реши сите дилеми околу тоа кој ќе биде новиот првак во италијанскиот фудбал. Со оваа победа Наполи стигна до 43 бодови и е на седмото место, но што е многу поважно е дека Јувентус остана на 57 бодови, што е заостанување од дури 12 бодови зад лидерот Интер. токму Интер ќе има шанса да ја зголеми оваа предност и до 15 бодови, ако Нераѕурите утре на свој терен ја победат Џенова.
Кварацкелија донесе водство на Наполи со гол во 42 минута, а многу возбудувања се случија во последните 10-тина минути од средбата. Јувентус израмни во 81 минута со голот на Киеза, но кратка беше радоста на Старата дама.
Во 87 минута беше досуден пенал за Наполи, Осимен не го реализираше, но одбиената топка дојде до Распадори, кој донесе голема радост за домашните фанови.